53
Јорданскиот крал Абдула изјави дека не може да се дозволи израелски напад врз Рафах, нагласувајќи дека тоа ќе доведе до „уште една хуманитарна катастрофа“.
„Ситуацијата е веќе неподнослива за повеќе од милион луѓе кои побегнаа во Рафах од почетокот на војната. Не можеме да стоиме на страна и да дозволиме ова да продолжи“, рече Абдула на заедничката конференција со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа.
Тој нагласи дека сега е потребен траен прекин на огнот и дека „оваа војна мора да заврши“.
„Околу 100.000 луѓе се убиени, повредени или исчезнати. Мнозинството се жени и деца“, изјави јорданскиот крал.