Израелскиот напад донесе нови жртви во Либан, меѓу ранетите има и мировници на ОН

by Fokus

Либанската државна новинска агенција денеска објави дека израелско беспилотно летало удрило возило на воен контролен пункт во пристанишниот град Сидон на југот на Либан и дека три лица загинале, а меѓу неколкумина повредени има и членови на мировните сили на ОН во Либан ( УНИФИЛ).

Агенцијата наведува дека припадниците на мировните сили се полесно ранети и дека им била укажана помош на местото на нападот на северниот влез на Сидон, третиот по големина град во Либан.

Информации за идентитетот на загинатите не беа веднаш достапни.

Кога се случил нападот, минувал мировен конвој.

Претходно денеска, беспилотно летало удри во автомобил на главниот автопат надвор од Бејрут, при што загина една жена, јавија локалните медиуми.

Поврзани новости