Дваесет и шестгодишниот Шаул Гринглик е убиен во Газа.
Како што пишува Eurovision Fun, Гринглик пред неколку недели учествувал на аудиција во шоуто во кое се избираат кандидати кои ќе го претставуваат Израел на Евровизија 2024 година во Шведска.
Имено, тој на 3 декември се појави во израелското шоу „Израелската ѕвезда во подем“, а во тоа време беше на одмор откако беше мобилизиран во војната против Хамас.
Облечен во воена униформа, тој отпеа балада која допре многу луѓе и помина во следниот изборен круг.
Еден од судиите во споменатото шоу, по смртта на Шаул, на социјалните мрежи напиша дека овој млад човек претходно се откажал од понатамошната конкуренција поради воените обврски.
„Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Нов, поинаков сон ќе треба да почека малку“, напиша Гринглик на 14 декември на Фејсбук, пренесуваат споменатите медиуми.