Вооружени припадници на израелските сили маскирани во жени и медицински персонал денеска упаднаа во болница на окупираниот Западен Брег и убија тројца палестински екстремисти.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили отвориле оган врз одделенијата на болницата Ибн Сина во градот Џенин, го осуди упадот и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз израелската армија да ги прекине таквите операции.
Војската соопшти дека екстремистите ја користеле болницата како засолниште и дека Палестинец кој бил цел на нападот префрлил оружје и муниција за планираниот напад, наводно инспириран од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.
Сепак, не беа обезбедени докази за таквото тврдење.
كاميرا مراقبة توثق لحظة تسلل قوة خاصة إسرائيلية بلباس مدني لمستشفى ابن سينا بجنين واغتيال 3 شبان فلسطينيين صباح اليوم#حرب_غزة #فيديو pic.twitter.com/a3CtyHfbEh
— الجزيرة فلسطين (@AJA_Palestine) January 30, 2024
На видеото од безбедносната камера на болницата, објавено на социјалните мрежи, се гледаат десетина припадници на израелските сили, повеќето од нив вооружени и облечени како жени со муслимански шамии или како болнички персонал и во бели лекарски мантили.