Израелските воени сили и тенкови навлегоа подлабоко во делови од северниот кварт на Појасот Газа што претходно ги заобиколија во изминатата седуммесечна војна, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија жителите и медицинскиот персонал.
Израелските воени сили окупираа и некои области на Рафах, јужен град долж границата со Египет, во моментов полн со раселени жители од Појасот Газа. Израел повторно нападна делови од северна Газа овој месец, иако во јануари прогласи крај на големите операции таму. Истовремено, израелските сили најавија дека ќе се вратат таму за да спречат прегрупирање на палестинската исламистичка група која владее со Газа.
Едно од нападнатите места е Џабалија, најголемиот од осумте бегалски кампови во Појасот Газа.
Војници и тенкови излегоа на улиците на кампот, кој досега беше поштеден од копнена офанзива, велат жителите. Според лекарот, во еден израелски напад загинале 15 Палестинци, а десетици биле ранети. Министерството за здравство и цивилните служби за вонредни состојби во Газа известија дека нивните тимови примиле десетици повици за можни жртви, но не можеле да ја потврдат информацијата поради тековната копнена офанзива и воздушно бомбардирање.
Израелската војска објави дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучувајќи ги Џабалија и Рафах, како дел од, како што рече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.