Најмалку 30 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, загинаа утринава во израелски воздушен напад врз училиште во Деир ал Балах, централниот дел на Појасот Газа, каде што се сместени раселените.
Локалните извори соопштија дека во нападот на израелски воени авиони врз училиштето, кое се наоѓа западно од Деир ал Балах, имало десетици жртви, а многу луѓе биле тешко повредени, пренесува палестинската агенција Вафа.
Gaza Civil Defense teams report retrieving multiple bodies of Palestinian civilians killed by the israelis bombing a residential building in Al-Bureij pic.twitter.com/JcO3qM9v2n
— Sarah Wilkinson (@swilkinsonbc) July 27, 2024
Официјални лица најавија дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.