Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за интервенции на повредените од Кочани

by valentina 17:20
17:20

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија за повредените од Кочани, објави министерот за здравство Клековски.

-Претпладнево на скопскиот аеродром ги пречекав хирурзите од The Sheba Medical Center од Тел Авив, Израел. Оваа недела тие ќе бидат во Македонија за да им помогнат на повредените во трагедијата во Кочани.
Тимот го сочинуваат:
д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници, признаен стручњак за пластична и реконструктивна хирургија и третман на сложени изгореници
д-р Матан Шерф, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и хирургија на рака, раководител на Единицата за микрохирургија при Одделот за хирургија на рака
д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург во Одделот за хирургија на рака и спасување на екстремитети
Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа кај нас и веднаш по трагедијата, кога тимот на Шеба работеше рамо до рамо со нашите лекари. Сега се враќаат за да ја продолжат грижата за пациентите, напиша министерот на Фејсбук.

Тој појасни дека лекарите најпрво ќе направат проценка на состојбата на пациентите.

-Потоа ќе следуваат интервенции во Кочани и во Скопје, заедно со нашите медицински тимови, додава Клековски

Тој појаснува дека Шеба е најголемиот и најсеопфатен медицински центар на Блискиот Исток. Магазинот Newsweek во 2026 година го рангираше на 7. место меѓу најдобрите болници во светот. Тоа е негова осма година по ред во светскиот топ 10.

-Им благодарам на колегите од Израел што повторно се тука. Нашите пациенти добиваат најдобра можна стручност, а нашите лекари драгоцено искуство, вели министерот.

 

Слични вести