1
Од УХМР најавуваат дека до вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник.
Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.