До 15:30 часот во Брвеница гласале 40,49% од гласачите, излезноста е речиси 10 отсто повисока од првиот круг

by valentina 16:41
16:41

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахији од ДУИ се во трката за градоначалник на Брвеница, каде на избирачките места до 15:30 часот гласале 6.579 граѓани, односно 40,49 отство од гласачите, информира Државната изборна комисија.

Според ДИК, гласањето на вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница се одвива непречено.

Во споредба со првиот круг на изборите, излезноста е зголемена за 9,32 отсто.

Најголема излезност има во избирачкото место 2044, со 72,12 проценти. Најмала излезност се забележува во 2036 со 19,25 отсто.

Слични вести