382
Израелската војска спроведе, како што велат, голема антитерористичка операција во Џенин на окупираниот Западен Брег при што загинаа осум Палестинци, а десетици се повредени.
Операцијата започна во бегалскиот камп Џенин со напади со беспилотни летала и распоредување стотици израелски војници.
-Го напаѓаме со сила ова седиште на тероризмот, изјави израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, тврдејќи дека „терористичките напади врз израелските цивили“ потекнуваат од кампот.
Според новите податоци на Министерството за здравство, од 50 Палестинци ранети во судирите, десет се во критична состојба.