Израелската војска тврди дека знамиња на ИСИС се пронајдени на местата каде Хамас изврши масакр

by Fokus

Израелските власти објавија фотографии на кои наводно се прикажани знамињата на ИСИС што ги оставиле милитантите на Хамас.

Како што соопштија, знамињата биле оставени по масакрот на израелските цивили, но засега нема независна потврда за тоа.

„Хамас носеше знамиња на ИСИС за масакрирање израелски деца, жени и мажи. Хамас е геноцидна терористичка организација. Хамас е полош од ИСИС“, напишаа израелските одбранбени сили на „Твитер“.

Уште една фотографија од знамето на ИСИС беше објавена од израелската амбасада во Велика Британија.

Израел често го споредува Хамас со ИСИС, иако тие не се исти организации.

Израел, САД, ЕУ и Велика Британија го прогласија Хамас за терористичка група. Станува збор за палестинска исламистичка група, која го контролира Појасот Газа, а нејзината главна цел е да ја искорени израелската држава.

ИСИС е насилна терористичка организација, која извршила злосторства во Сирија, Ирак и во Либија. Изврши терористички напади и во западните земји.

Поврзани новости