Израелската војска денеска потврди дека Хашим Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, е убиен во израелски напад врз Бејрут на 4 октомври.
Војската соопшти дека Сафиедин бил убиен заедно со шефот на разузнавањето на Хамас Хусеин Али Хазим за време на нападот на 4 октомври, објави „Тајмс оф Израел“.
Се посочува дека цел на тој напад бил подземниот разузнавачки штаб на Хезболах во јужните предградија на Бејрут.
Војската соопшти дека повеќе од 25 членови на разузнавачката единица на Хезболах биле во штабот кога бил извршен нападот.
Сафиедин не е достапен по нападот, изјавија либански безбедносни извори, но израелската војска дури денеска ја потврди неговата смрт.
Хезболах се уште не ја објавил неговата смрт.
Сафиедин, кој беше прогласен за терорист од американскиот Стејт департмент во 2017 година, е роднина на Хасан Насрала, лидерот на Хезболах кој беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември.