На социјалните мрежи се шират фотографии и видео снимки од Газа, на кои се прикажани Палестинци опколени од израелски војници.
Како што може да се види, Палестинците се во долна облека.
Еврејските медиуми јавуваат дека најверојатно станува збор за членови на Хамас, кои им се предале на израелските војници во кампот Џабалија и други делови на северот на Појасот.
Distressing images have emerged showing palestinians who were detained by Israeli forces. These men, now displaced, were forcibly dragged, searched, and arrested from a UN shelter school located in Beit Lahia, near the Jabalia camp, in Gaza today. The most immoral army in history pic.twitter.com/52SVIz1iQi
— Lema (@Lemapal) December 7, 2023
Тајмс оф Израел пишува дека се гледаат млади Палестинци како се оставени само во долна облека, со врзани очи и нивните раце врзани зад грб.
Во една снимка, група од нив може да се види како се превезуваат во воено возило на ИДФ.
Од израелската војска – ИДФ сè уште не го коментирале овој случај на масовно апсење, а палестинскиот амбасадор во Лондон, Хусам Зомлот, остро ги критикуваше израелските медиуми за прикажување снимки од масовното апсење на палестински мажи.
Катарската медиумска куќа објави дека уапсените биле земени од училиштата под покровителство на Обединетите нации, каде што барале засолниште во северниот дел на Газа.