Израелец е уапсен под сомнение дека сквернавел муслимански гробишта во окупираниот Источен Ерусалим – обесил глава на магаре, потврди израелската полиција.
Полицијата во соопштението наведе дека 35-годишникот бил уапсен откако биле известени дека мажот „го прекршил законот и го нарушил јавниот ред со обесување глава на магаре“ на гробишта во Стариот град во источен Ерусалим.
Полицијата соопшти дека мажот во моментот на апсењето носел секира, а во притвор е и уште еден осомничен кој наводно помагал.
Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува глава на магаре која виси од оградата на гробиштата, која е во непосредна близина на древните муслимански гробишта Баб ал Рахма и во близина на комплексот на џамијата Ал Акса.
Israelis with an IQ in deficit digits break into Bab al-Rahma cemetery in Jerusalem & hang a donkey’s head on a Palestinian grave | @QudsNen pic.twitter.com/pIRoVpeeuu
— Sarah Wilkinson (@swilkinsonbc) December 27, 2023