89
Шефот на израелската дипломатија – Израел Кац денеска изјави дека пред Меѓународниот суд на правдата не се презентирани никакви докази против неговата земја.
– Самата Јужна Африка ги поткопува обвинувањата за геноцид поддржувајќи ја терористичката организација Хамас, која повикува на уништување на државата Израел“, изјави шефот на израелската дипломатија, пренесува Хаарец.
Тој изрази надеж дека обвинението ќе биде отфрлено и рече дека верува оти правдата ќе победи.
Денеска пред МСП продолжи рочиштето за тврдењето на Јужна Африка за геноцид врз Израел, со презентирање на аргументите на правните застапници.