Израел со закана за Иран: Ќе ве вратиме во камено доба!

by irena 20:40
20:40

Евентуален ирански напад врз Израел би ги отстранил „сите ограничувања“ за израелскиот одговор, кој потоа би ја таргетирал целосната иранска инфраструктура.

Оваа порака денеска ја упати израелскиот министер за одбрана Израел Кац, на прием за вработените во министерството по повод претстојниот празник Рош Хашана.

„Ако Иран го нападне Израел, тоа ќе нè ослободи од сите претходни ограничувања за напад врз нив“, рече Кац.

„Ќе ја нападнеме целата национална, воена и цивилна инфраструктура во Иран, вклучително и енергетската, и ќе го вратиме Иран длабоко во каменото доба и во темнина“ порача тој.

Кац додаде дека зголемениот економски притисок и стравот од бунт и пад на режимот би можеле да го принудат Иран на „очајнички потези“.

Тој истакна дека Израел е подготвен за секое сценарио, како одбранбено, така и офанзивно.

Слични вести