Израелските сили се уште се борат со вооружените сили на Хамас на седум до осум локации во јужен Израел во близина на Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили на брифингот утринава.
Ова го вклучува Беери, аграрна заедница, во која преку ноќ беа инфилтрирани борци на Хамас. Многу милитанти се убиени, но други се уште се кријат во куќите, пренесува Би-Би-Си.
Израелската војска додаде дека нападнала повеќе од 1.000 цели во Газа.
„Размерот на оваа операција е нешто сосема поинакво… Потребно е подолго отколку што очекувавме да ги вратиме работите на одбранбена, безбедносна позиција“, рече потполковникот Ричард Хехт на брифингот со новинарите.
Според израелските воздухопловни сили (ИАФ) во текот на ноќта биле погодени повеќе од 500 цели на Хамас и Исламски џихад во Појасот Газа. ИАФ соопшти дека целите биле погодени со борбени авиони и хеликоптери, авиони и артилерија.
Се известува и дека биле погодени седум командни центри на Хамас и командниот центар Исламски џихад.
Палестинските здравствени власти соопштија дека 413 лица се убиени во Газа од почетокот на израелските воздушни напади.
На утринскиот брифинг, израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека израелско семејство сè уште е заложник на милитантите во Кфар Аз, кој се наоѓа во близина на Газа. Вчера израелската влада соопшти дека повеќе од 100 Израелци биле киднапирани и се верува дека повеќето биле однесени во Газа.
Околу 1.100 луѓе се потврдени дека се убиени во Израел и Газа од нападите во саботата. Според ОН, околу 123.000 луѓе се раселени во Газа поради воздушни напади.