662
Израелска болница во понеделникот даде четврта доза вакцина на контролна група, во рамките на првата поголема студија за влијанието на дополнителните вакцини во запирање на ширењето на омикрон сојот на коронавирусот.
Израел пред една година беше предводник во кампањата за вакцинација и беше меѓу првите земји што воведоа „бустер“ доза од вакцината.
Загрижени поради ширењето на омикрон сојот, израелското министерство за здравство минатата недела ја препорача четвртата доза од Фајзер/Бионтек вакцината за здравствените работници и за постарите од 60 години со послаб имунолошки систем.