399
Израелските одбранбени сили соопштија дека пешадиски сили и тенкови влегле во Појасот Газа во „локализирани рации“.
Како што наведоа, тоа го прават со цел да ја исчистат областа од потенцијалните терористи и да ги лоцираат исчезнатите Израелци.
-Беа вклучени пешадиски и тенковски единици, со цел да ги лоцираат ракетните посади и заложниците – рече контраадмиралот Даниел Хагари.
Најмалку 120 заложници се држат во Газа, соопшти војската. Ова е прво откривање на преминот од воздушна кампања кон копнени упади.
Значаен број цивили во Газа почнаа да се движат кон југ за да се спасат.