Израел по носењето на Резолуцијата: Нема пауза без ослободување на заложниците

by fokus

Израелското Министерство за надворешни работи вечерва, по усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „продолжени хуманитарни паузи“ во Газа, соопшти дека нема да има такви паузи додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас.

Во соопштението Министерството бара Советот за безбедност да работи на ослободување на заложниците во Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека „нема простор за продолжени хуманитарни паузи се додека 239-те заложници се во рацете на терористите на Хамас“.

Претходно вечерва Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се повикува на хуманитарна пауза во борбите во Газа и поголеми напори за да се овозможи испорака на хуманитарна помош на територијата зафатена од војна.

Резолуцијата, предложена од Малта, повикува и на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и другите групи.

Поврзани новости