Израел пак ги предупреди Палестинците – да се преселат на југ инаку ќе се сметаат за дел од „терористите“

by fokus

Палестинците соопштија дека добивале повеќекратни предупредувања од израелската војска да се преселат од северниот дел на Газа кон југот на Појасот, со додадена порака дека би можеле да бидат идентификувани како симпатизери на „терористичка организација“ доколку останат таму.

Пораката е испратена вчера во летоци означени со името и логото на израелските одбранбени сили, а е испратена и преку аудио пораки преку мобилни телефони низ појасот Газа, објави Ројтерс, пренесе Гардијан.

-Итно предупредување до жителите на Газа. Вашето присуство северно од Вади Газа го става вашиот живот во опасност. „Секој што ќе одлучи да не ја напушти северна Газа јужно од Вади Газа, може да биде идентификуван како соучесник во терористичка организација, се вели во летокот.

Израел претходно ги предупреди Палестинците да се преселат на југ, иако тогаш не им беше кажано дека може да се сметаат за симпатизери на „терористи“ доколку не го сторат тоа.

Откако почна да возвраќа по нападот на Хамас на 7 октомври, Израел постојано бомбардираше области јужно од Газа, и покрај тоа што им наложи на Палестинците да се евакуираат таму, пишува весникот.

Поврзани новости