Израел откри тунел на границата со Газа- ,,Подземен град на теророт”

by fokus

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари соопшти дека во близина на границата со Израел e откриен тунел со должина од над 4 километри и истиот го опиша како „подземен град на теророт“.

Откривањето на тунелот во близина на преминот Ерез покренува повеќе прашања за тоа како израелскиот надзор можел да ги пропушти таквите очигледни подготовки на Хамас за смртоносниот напад на 7 октомври што предизвика војна која беснее повеќе од 10 недели.

Влезот до тунелот е на само неколку чекори од преминот Ерез и блиската израелска воена база. Војската соопшти дека тој се поврзува со широка тунелска мрежа низ Газа и е доволно широк за низ него да поминуваат автомобили.

Поврзани новости