Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац потврди дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен.
Шефот на радикалниот исламски Хамас Синвар е убиен во операција на израелската армија во Појасот Газа.
„Тројца терористи се елиминирани“ при операции на палестинска територија, соопшти израелската армија.
„Тоа го потврдуваат и ДНК-тестовите што беа направени денеска – изјави упатено лице во овој случај.
На социјалните мрежи кружеа слики од труп кој личи на Синвар.
Телото на убиениот е во сопственост на израелската армија и ДНК тестот ќе овозможи со стопроцентна сигурност да се утврди дали лидерот на Хамас е елиминиран. Синвар беше назначен на почетокот на август за политички лидер на таа милитантна палестинска група, по атентатот на лидерот Исмаил Ханије во Техеран.
Синвар (61) стои зад нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, од кога израелската армија го бараше во енклавата. Тој помина 23 години во израелските затвори пред да биде ослободен во 2011 година како дел од размена на затвореници.