Израел официјално објави војна

by fokus

Воено-политичкиот кабинет на Израел го одобри воведувањето на „клаузулата 40“ од основниот закон, што значи официјално објавување војна, соопшти кабинетот.

Безбедносниот кабинет синоќа гласаше земјата официјално да се стави во војна и да може да изврши „значајни воени активности“, соопштуваат од кабинетот на премиерот.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху веќе изјави дека земјата е во војна откако терористите на Хамас се инфилтрираа во јужен Израел, убивајќи стотици.

Поврзани новости