Израел одобри и четврта доза вакцина против Ковид

by fokus

Израел денеска одобри четврта доза вакцина против Ковид-19 за луѓето во домовите за стари лица и геријатриските одделенија, откако синоќа беше одобрено Израелците со ослабен имунолошки систем да се имунизираат и по четврти пат.

Израел е првата земја во светот која одобри четврта доза, јавуваат израелските медиуми.

Панел експерти во Министерството за здравство минатата недела препорача да се даде втор засилувач на сите луѓе над 60-годишна возраст, но генералниот директор на министерството, професорот Нахман Еш, ја одложи конечната одлука додека не се добијат повеќе податоци.

Во моментов во Израел има 2.200 активни случаи од кои 90 се потешки случаи.

Најмалку 8.243 луѓе починале од Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Поврзани новости