Министерството за здравство на Газа, со кое управува Хамас, тврди дека има многу убиени и повредени во нападот на конвој возила на брза помош кои ги превезувале критично ранетите во Газа.
-Тоа беше медицински конвој – рече Ашраф ал-Квадра, портпаролот на министерството за здравство.
Тој рече дека брзата помош превезувала 15-20 тешко ранети пациенти и дека требале да стасаат до граничниот премин Рафах со Египет за да можат да го продолжат лекувањето во странство.
Нападот наводно се случил кога конвојот се движел од болницата Ал-Шифа во Газа.
Министерството за здравство на Газа објави дека Изарел го нападнал патот покрај брегот на Газа, кој требало да биде сигурен пат за евакуација на цивилите на југ.
Израелската војска ја презеде одговорноста за нападот на амбулантното возило. Во соопштението на Израелските одбранбени сили се вели:
„Терористичка ќелија на Хамас беше идентификувана како користи амбулантно возило. Како одговор, авион на ИДФ ги погоди и неутрализираше терористите на Хамас, кои оперираа во амбулантското возило“.