Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека израелските сили ја зазеле тампон зоната на Голанската висорамнина воспоставена со договорот за прекин на огнот со Сирија во 1974 година.
Нетанјаху кажа дека деценискиот договор пропаднал и дека сириските трупи ги напуштиле своите позиции, што „барало израелско преземање на контролата“.
Израел ја зазема Голанската висорамнина во 1967 и подоцна ја анектираше. Меѓународната заедница Голанската висорамнина ја смета за окупирана сириска територија.
Израел соопшти денес дека од почетокот на конфликтот со Хезболах во Либан се неутрализирани 25 оперативци на таа група. Израелската војска е сè уште распоредена во таа земја и има рок да се повлече до крајот на јануари според договорот за прекин на огнот.