Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против ковид

by Fokus

Израелското Министерство за здравство синоќа соопшти дека се пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата над 60 години.

Генералниот директор на Министерството за здравство, Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку сериозна болест за разлика од делта.

- Advertisements -

Изрелската Телевизија Канал 13 објави дека ако има повеќе такви информации, Аш можеби нема да ја поддржи препораката од 28 декември лицата постари од 60 години, здравствените работници и ризичните групу граѓани да примат четврта доза вакцина против Ковид-19.

Израел е на пат да стане прва земја во светот каде поединечни групи граѓани ќе бидат имунизирани со четврта доза.

Поврзани новости