Израел изврши серија воздушни напади врз воениот штаб на Хезболах во јужните предградија на Бејут, а израелските медиуми објавија дека во тоа време таму бил лидерот на либанската екстремистичка организација Хасан Насрала, јави вечерва британски Гардијан, но не можеше да ја потврди информацијата.
Израелските воени сили потврдија дека нападот бил извршен.
Засега не е јасно дали Насрала е убиен во тие напади или не, јавуваат агенциите, додека Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до Хезболах, објави дека Насрала е жив, а извор близок до Хезболах изјавил за Франс прес дека Насрала е добро.
Иран соопшти дека ја проверува состојбата на лидерот на Хезболах, изјави за Ројтерс висок безбедносен функционер.
Кабинетот на премиерот на Израел вечерва објави фотографија од Бенјамин Нетанјаху, на која тој на телефон може да се види од неговата хотелска соба во Њујорк до воениот секретар и шефот на неговиот кабинет, како го одобрува воздушниот напад врз Штабот на Хезболах во Бејрут, објавија израелските медиуми.
ОН соопштија дека се загрижени поради израелските напади врз јужните предградија на Бејрут, чија цел беше штабот на Хезболах.
-ОН со голема загриженост ги следат нападите врз Бејрут – рече портпаролот на ОН Стефан Дијарик.