153
Израел изврши серија огромни напади врз Бејрут, при што неговата војска соопшти дека го погодила централниот штаб на милитантната група Хезболах.
Израел вели дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах бил целта на нападот, но висок израелски функционер рече дека е премногу рано да се каже дали нападот бил успешен.
Најмалку шест лица се убиени во воздушните напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство. Велат дека бројките се прелиминарни.
Рано утрово следеше втор круг напади извршени од израелските воздухопловни сили, насочени кон, како што рече израелската војска, капацитети за производство на оружје на Хезболах и клучни командни центри на милитантната група во јужен Бејрут.