Израел истрела ракети околу Дамаск

by Fokus

Израел рано изутринава извршил ракетен напад врз областа околу сириската престолнина Дамаск, објавија од сириска невладина организација и официјалната сириска новинска агенција, кои посочуваат дека има само материјална штета.

„Околу 1 часот по полноќ, израелскиот непријател изврши воздушен напад… насочен кон голем број точки во близина на Дамаск. Нашите системи за противвоздушна одбрана пресретнаа некои проектили, додека другите предизвикаа материјална штета“, изјави воен извор за официјалната новинска агенција Сана.

Од своја страна, Сириската опсерваторија за човекови права (OSHR), невладина организација со седиште во Британија со голема мрежа на извори во Сирија, објави за израелски напади врз „станбен комплекс“ западно од главниот град Дамаск. Областа околу воениот аеродром во близина на Дамаск беше бомбардирана во петокот, според истите два извори.

Израелската војска извршила стотици воздушни напади во Сирија од почетокот на граѓанската војна во соседната земја во 2011 година.

Овие напади се зголемија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа во октомври, главно насочени кон силите поддржани од Иран, сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и клучен поддржувач на либанскиот проирански Хезболах.

Поврзани новости