Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху му рекол на американскиот претседател дека одлучил да испрати делегација за да ги продолжи преговорите со Хамас за ослободување на заложниците, објави неговата администрација.
Во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, Нетанјаху го повтори својот став дека Израел ќе ја прекине својата речиси деветмесечна операција во Газа откако ќе се постигнат сите негови цели, се вели во соопштението.
Израелската телевизија Канал 12 објави дека израелската делегација ќе ја предводи шефот на разузнавачката служба Мосад.
Нејасно е каде треба да се водат преговорите. Египет и Катар досега посредуваа во нив, а состаноци беа одржани и во двете земји.
Израел денеска го доби одговорот на Хамас на предлогот што Бајден го претстави на крајот на мај, а кој вклучува ослободување на 120 израелски заложници од Газа и прекин на огнот во палестинската енклава.
Информиран палестински извор рече дека Хамас, милитантната група која ја контролира Газа, покажала флексибилност за некои елементи кои, доколку ги прифати Израел, ќе овозможат да се постигне поширок договор.