Израелската војска денеска потврди дека го убила високиот командант на Хезболах, Сами Талеб Абдула, во воздушен напад во вторник во јужен Либан.
– Во рамките на нападот, елиминиран е Сами Талеб Абдулах, командант на единицата Наср во Хезболах – се наведува во соопштението на армијата, истакнувајќи дека тој е „еден од највисоките команданти на Хезболах во јужен Либан“.
Војската објави видео од нападот на кое се гледа бомбардирањето на зградата за која рече дека е команден и контролен центар на Хезболах во градот Јуаја во областа Тир.
Центарот се користел за насочување напади од југоисточен Либан кон Израел, а командант бил 55-годишниот Абдулах, познат во Хезболах како Хаџ Абу Талеб, според израелската војска.
Либанскиот телевизиски канал Al-Jadeed ја потврди смртта на Абдулах, додавајќи дека за време на нападот загинале уште три лица, а десет биле повредени.
Хезболах во средата наутро објави дека извршил одмазднички напади користејќи ракети, беспилотни летала и проектили на воени локации во северен Израел.
Според израелската војска, најмалку 170 проектили биле истрелани од Либан кон Израел.