Израел го отвори воздушниот простор

by Fokus

Израел го отвори својот воздушен простор по повеќечасовното затворање поради американските напади врз нуклеарните постројки во Иран.

Полетувањата и слетувањата на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив беа повторно дозволени од 14 часот, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на Министерството за транспорт.

Најголемата израелска авиокомпанија „Ел Ал“, исто така, објави на својата веб-страница дека летовите до Израел ќе продолжат во согласност со владиното овластување.

Израел прво го затвори својот воздушен простор веднаш по започнувањето на големите напади врз Иран на 13 јуни.

Оттогаш, голем број специјални летови полетуваа и слетуваа на аеродромот во близина на Тел Авив за да ги вратат Израелците заглавени во странство, како и странските државјани кои сакаат да ја напуштат земјата поради одмаздничките напади од Иран.

 

Поврзани новости