57
Израел ослободи десетици палестински затвореници, меѓу кои и директорот на болницата Ал Шифа во градот Газа, и ги префрли во медицинските центри во Појасот Газа, изјави денеска за медиумите неименуван лекар од таа територија.
Извор од болницата Ал Акса во централниот град Деир ал-Балах рече дека Израел ослободил десетици затвореници од Појасот Газа, вклучувајќи го и доктор Мохамед Абу Салми, кој беше уапсен во ноември и ослободен преку источниот премин во Кан Јунис.
Петмина од ослободените се примени во таа болница, а другите се префрлени во болниците во Кан Јунис, изјави изворот.