Израел го обвини шефот на ОН за оправдување на тероризмот на Хамас

by Fokus

Израелските власти ги осудија коментарите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека смртоносниот напад на Хамас врз јужен Израел „не се случил во вакуум“, нарекувајќи ја неговата изјава оправдување за тероризмот.

Министерот за надворешни работи Ели Коен ја откажа закажаната средба со Гутереш, додека Јад Вашем, израелскиот меморијален комплекс посветен на жртвите на холокаустот, објави дека шефот на ОН „паднал на тестот“.

„Нема да се сретнам со генералниот секретар на ОН. По масакрот на 7 октомври, нема простор за балансиран пристап. Хамас мора да се избрише од лицето на планетата!“, напиша Коен на социјалната платформа Х.

Пратеникот на Израел во ОН, Гилад Ердан, повика на оставка на Гутереш, велејќи дека Израел мора да ги преиспита своите односи со светската организација.

Поврзани новости