354
Висок израелски функционер потврди дека Израел денеска го обновил снабдувањето со вода во Појасот Газа, откако водоснабдувањето беше во прекин по терористичкиот напад на Хамас од минатата сабота, јави „Тајмс оф Израел“.
Оваа одлука ја потврди и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кој за Си-ен-ен изјави дека неговите израелски колеги го информирале за овој потег пред еден час.
Саливан додаде дека САД се фокусирани на американските граѓани да им обезбедат безбеден премин од Газа до Египет.
Тој, исто така, истакна дека САД се обидуваат да обезбедат најголемиот број цивили што ја напуштаат Газа да добијат пристап до вода, храна, лекови и засолниште.