58
Портпаролот на израелската влада – Ајлон Леви денеска изјави дека повеќе од 12.000 членови на Хамас се убиени во нападите во Појасот Газа, со што бројот на силите на движењето е намален за половина.
Тој додаде дека има голем број ранети и заробени во војната во Газа, пренесува Танјуг.
„Зборуваме за три четвртини од баталјоните на Хамас кои се поразени и повеќе од 12.000 терористи кои се убиени“, рече Леви на брифингот, пренесе Ројтерс.
Тој изјави дека кога ќе се земе предвид бројот на ранетите или уапсените, тоа значи дека повеќе од половина од борбените сили на Хамас се ставени надвор од акција.