Иранскиот претседател Ибрахим Раиси денеска изјави дека потезите на Израел „ги преминале црвените линии, што може да принуди многумина да преземат акција“.
„Вашингтон бара од нас да не правиме ништо, но тие му даваат голема поддршка на Израел. САД испратија порака до „Оската на отпорот“, но тие добија јасен одговор на бојното поле“, напиша Раиси на „Х“(Твитер).
Zionist regime’s crimes have crossed the red lines, which may force everyone to take action. Washington asks us to not do anything, but they keep giving widespread support to Israel. The US sent messages to the Axis of Resistance but received a clear response on the battlefield.
— سید ابراهیم رئیسی (@raisi_com) October 29, 2023
Иран ја нарекува „Оската на отпорот“ мрежа на сојузнички групи и држави низ Блискиот Исток.
Освен со Хамас, претходните недели со Израел разменија оган и либанскиот Хезболах. Конфликтот меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври кога палестинската група го нападна јужниот дел на Израел, убивајќи повеќе од 1.400 луѓе и киднапирајќи околу 230 луѓе. Израел одговори со непрестајно бомбардирање на Појасот Газа, при што загинаа повеќе од 8.000 луѓе, по што следеше копнена операција.