397
Израел ќе ги преиспита односите со Турција, по говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во кој ги обвини за воени злосторства.
Израелскиот министер за надворшени работи Ели Коен најави дека ги повлекуваат дипломатите од Турција.
„Со оглед на тешките изјави кои доаѓаат од Турција, наредив отповикување на дипломатските претставници за да се преиспитаат односите меѓу Израел и Турција“, напиша Коен на социјалната мрежа Икс.