Израел добива влада на национално единство и воен кабинет

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Бени Ганц се договорија да формираат итна влада на национално единство. Ќе се формира и „воен кабинет“ – јавува Би-Би-Си.

Ова значи дека за време на војната, „нема да се промовираат никакви нацрт-закони или владини одлуки кои не се поврзани со водењето на војната“ и дека целото раководство автоматски ќе биде продолжено за време на војната.

Нетанјаху прво ги повика опозициските лидери – Јаир Лапид и Бени Ганц – да го сторат тоа во саботата, по ненадејниот напад на Хамас.

Во изјавата штотуку објавена од Нетанјаху и Ганц, претседател на Партијата за национално единство, се вели:

„Тие се договорија за формирање на итна влада и кабинет за управување со војната. Ќе се формира `Кабинет за управување со војна` со три члена: премиер, министер за одбрана и претседател на Партијата за национално единство. Во Воениот кабинет ќе има уште двајца функционери кои ќе служат како набљудувачи. Во име на Партијата за национално единство, во политичко-безбедносниот кабинет ќе бидат додадени вкупно пет министри без ресор (со еден од нив како набљудувач): Бени Ганг, Гидеон Сар, Гади Ајзенкот и уште двајца министри за времетраењето на војната“ – се наведува во соопштението.

Поврзани новости