Изолацијата да биде седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

by Fokus

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19 од десет дена да се намали на седум дена, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

-На денешната седница која беше свикана по барање на министерот за здравство, членовите на Комисијата одговорија позитивно и се состанавме. На тој состанок се разговараше, и секако врз основа на следењето на трендот на одлуки кои се донесени во различни држави, кои се релевантни и се земаат за пример за споредување, и врз основа на нашиот Институт за јавно здравје кој ги добива на дневна база податоците, одлуката на Комисијата е изолацијата од десет дена да се намали на седум дена, изјави Сали за ТВ Сител.