Изнудено задоцнето решение: Дали БЕГ треба остане без лиценци?

Воспоставувањето на привремена управа од страна на ЕСМ е политичка одлука за стекнување „љубов“ од гласачите, смета универзитетскиот професор Константин Димитров.

by Фокус

АД ЕСМ денеска потпиша три договори за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти на БЕГ (Производство, Дистрибуција и Снабдување), кој предвидува влегување на државната компанија во раководењето на БЕГ преку назначување прокуристи, чиј потпис ќе биде врзан со потписот на управителите на друштвото БЕГ.

Ова следува откако приватната компанија со лиценци за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија објави дека не е во можност да врши испорака до домовите на корисниците на парно по постоечката регулирана цена, поради рапидниот раст на цената на гасот, а државата преку ЕСМ одлучи да воспостави привремена управа во приватната компанија до завршување на грејната сезона.

Станува збор за изнудено задоцнето решение – гласи оценката на експертот за енергетика и универзитетски професор Константин Димитров, кој во изјава за неделникот Фокус вели дека секоја друга варијанта сега е поскапа. Според него, тоа е политичка одлука за, како што вели, стекнување „љубов“ од гласачите.

БЕГ соопшти навреме дека има договорено снабдување со природен гас до крајот на 2021 година, дека мора да прави нов договор за снабдување со гас и дека цените се значително повисоки. Достави предлог цена за топлинска енергија до РКЕ со новите цени. Цена повисока 120 отсто. Владата објави, а РКЕ прифати дека цените нема да бидат повисоки од 10 отсто – изјави Димитров.

Притоа, македонските енергетски власти посочија дека БЕГ по завршување на грејната сезона ќе си ги земе дозволите за работа назад, откако ќе се направи увид во работењето на компанијата. Сепак, многумина реагираа дека компанијата требало да остане без лиценци за работа, а еден од нив е Марјан Ненов од здружението  на исклучени корисници од системот на парно-греење „Но Пасаран“, кој за Фокус вели:

Имаше намалена испорака на топлина и се очекуваше прекин на услугите во наредните денови. Доколку се случеше тоа, РКЕ ќе беше приморана да му ги одземе лиценците на БЕГ и да ги додели на некој друг оператор. Ова се криеше во јавноста, но сигурен сум дека во Влада го знаеа многу порано. Сепак Владата навреме реагираше за да „остане се по старо“ – посочува Ненов.

Според него, решение од енергетската криза е прогласување на кризна енергетска состојба со национализација на ТЕ-ТО и стопирање на извозот на електрична енергија, одземање на лиценците на БЕГ и рестартирање на ГЕС, гасификација на Скопје и промена на законите во полза за производство на обновлива еколошка енергија, но, како што порачува, не и за малите хидроцентрали.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости