Никој не очекуваше Села да си поднесе оставка, тврдат партиски извори

by Fokus

Изненадување за сите и неочекувана беше оставката на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села откако на вчерашните избори во Тетово не освоија ниту едно советничко место, коментираат партиски извори за „Фокус“.

Според нашите информации, никој не очекувал таков исход на изборниот ден, со оглед на тоа што во претходниот состав имаа тројца советници.

„Неочекувано за сите беше оставката на досегашниот лидер. Никој не очекувапше дека ќе се случи тоа. Сега треба да видиме како ќе биде понатаму, па ќе ја информираме јавноста, тврдат неофицијално од партијата за „Фокус“.

Пред неколку часа, претседателството на партијата одржа итен состанок, на кој никој не очекуваше Села да си поднесе оставка.

Тој истакна дека резултатите не биле очекувани и поради тоа е подготвен да преземе одговорност.

Од овој момент преземам одговорност и давам неотповиклива оставка од претседател на партијата. Во периодот кој следува највисокиот орган на партијата после два Конгреси и Централното собрание треба да заседава и да одлучи во врска со тоа кој ќе биде вршител на должност на претседател на партијата“р ече Села.

Според него, не е демократски тој да кажува кој да биде следниот претседател на Алијанса за Албанците, но посочи дека партијата треба да се погрижи да ги санкционира сите членови кои работеле против партијата и ја саботирале.

-Јас стојам на зборот дека Тетово не е само една општина и само еден град, туку повеќе од тоа“ истакна Села.

 

Поврзани новости