Изненадување за посетителите на грзодоберот во Кавадарци, автентичен подарок за сите

by fokus

Кавадарци е подготвено за традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер, која започнува денес, а ќе трае се до недела.
Општината очекува десетици илјади гости од сите краеви деновиве да го посетат Кавадарци, а најмногу народ се очекува во недела, кога ќе настапи музичката ѕвезда Горан Бреговиќ.

Со цел настанот да се промовира на најдобар начин, градоначалникот Митко Јанчев започнал интересна иницијатива. На трите влеза во градот, гостите кои ќе доаѓаат во наредните три дена ќе добијат пакетче со грозје како знак за добредојде.

-По иницијатива на градоначалникот, во деновите за Тиквешкиот гроздобер, петок, сабота и недела, на пунктовите поставени на трите бесплатни влеза во градот, сите гости освен упатства и насоки за паркирање, во знак на добредојде ќе добијат и по едно пакетче со асталско бело и црно грозје, донација од Кав Комерц Кавадарци.
Пакетчињата со грбот на Општина Кавадарци и логото на Тиквешкиот Гроздобер, се изработени во печатницата Гинис од Прилеп-информираат од општината.

Покрај Бреговиќ, на градскиот плоштад во Кавадарци ќе настапат и многу други музичари.

Вечерва главна музичка ѕвезда е Војаж, а пак во сабота концерт ќе одржи Харис Џиновиќ. Огнен Здравковски, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Антониа Гиговска и голем број на диџеји ќе ги забавуваат гостите на Тиквешки гроздобер, а синоќа во видео порака Горан Бреговиќ ја покани јавноста во Кавадарци на забава.

Вики Клинчарова

Поврзани новости