Изненадувачка одлука на Рафаел Варан – на 31 година оди во фудбалска пензија

by Fokus

Францускиот фудбалски репрезентативец Рафаел Варан (31), не така одамна еден од најдобрите стопери во светот, реши да ја заврши кариерата и да се пензионира.

Играчот кој освои се што е можно со Реал Мадрид (2011 – 2021), а потоа замина во Манчестер Јунајтед, ја завршува кариерата како играч на италијанскиот прволигаш Комо.

Во екот на својата моќ тој беше проценет на 80 милиони евра (според Трансфермаркт), а за Реал одигра 360 натпревари.

Од нив 95 собра како играч на Манчестер Јунајтед, а 24 во дресот на Ленс, каде што ја започна својата професионална кариера во 2010 година.

Со Франција беше светски шампион во 2018 година и финалист на светското првенство во 2022 година.

„Имав бројни предизвици во кариерата и се соочив со нив и се издигнав. Неверојатни емоции, посебни моменти и спомени за цел живот. Кога ќе се навратам на тоа, чувствувам голема гордост и чувство за достигнување”, изјави Варан и додаде: „Објавувам дека се повлекувам од играта што сите ја сакаме“.

„Моите стандарди се највисоки, сакам да бидам силен, а не само да присуствувам. Потребна е голема храброст да се слуша срцето и инстинктот. Желбата и потребата се две различни нешта. Паднав и станав илјадници пати, сега времето помина, дојде да застанеш и да ги соблечеш копачките“, напиша тој и додаде:

„Не жалам за ништо и не би променил ништо. Освоив повеќе отколку што можев да сонувам, но повеќе од сите трофеи и признанија, горд сум на фактот што секогаш се држев до моите принципи и се трудев да оставам нешто во подобра состојба отколку што го најдов јас, останувам во Комо, но не во копачки“.

Поврзани новости