Во последните два дена по социјалните мрежи кружи изјава дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, наводно, ги „прегазил Грците“и им кажал дека„ со години вршат терор врз Македонија и Македонците и немаат право да зборуваат за демократија”.
Во оваа смисла гласи и насловот на текстот, којшто се пренесува во постот, а во кој не е посочен ниеден извор, ниту пак, место и време кога Лавров ја дал оваа изјава.
Во постот се наведува дека Лавров ја нападнал Атина за хипокризија и ѝ одржал лекција по демократија, посочувајќи го примерот со Македонија и македонскиот народ.
Од друга страна, платформата Вистиномер излезе со информации дека наспроти тврдењето во постот, никаде не може да се понајде наводната изјава на Лавров во која тој ѝ одржал на Грција лекција по демократија.
А, исто така, досега искажаните ставови на официјална Русија во врска со Договорот меѓу Северна Македонија и Грцијa воопшто не кореспондираат со наводните остри критики на Лавров кон Грција пласирани во постот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.