320
АД ЕСМ вчера произведе 17.532 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 13.167, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.365 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 мегават часа електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопштија од Владата.вј