Изминатата ноќ имало 3 сообраќајќи, 20-годишник бил прободен со нож

by Фокус

Изминатата ноќ на Ургентниот центар во Скопје биле извршени 103 прегледи, од кои три биле од сообраќајни незгоди.

Докторот Ерен Сејфула, ортопед од Ургентниот центар вели дека еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба.

-Имаше и три физички напади од кои едниот пациент, 20-годишник, е примен на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Се работи за убод од нож, пациентот е примен за натамошно лекување и е во стабилна состојба. Сите останати случаи биле со лесни повреди и се пуштени на домашно лекување – рече тој.

Поврзани новости