Изминатата недела за 37 % е намален бројот на заразени од Ковид-19

by fokus

Изминатата недела е регистриран пад за над 37% на заразени од Ковид-19, во споредба со неделата претходно, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, односно 39%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (17,4%), 50-59 (16,0%), 30-39 (13,5%) и 20-29 (8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,0%) и 10-19 години (4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%), се наведува во извештајот.

Поврзани новости